МАКЕДОНСКИ
37
Загревањето пијалаци во
микробрановата печка може
да резултира со одложено
еруптивно вриење. Затоа, со
садот треба да се ракува со
внимание.
За да спречите ненадејна ерупција на зовриена
течност и можно попарување:
1. Измешајте ја течноста пред
загревање/повторно загревање.
2. Се препорачува да се вметне стаклено стапче
или сличен прибор во течноста додека се
загрева одново.
3. Оставете ја течноста најмалку 20 секунди во
печката по истекот на времето за готвење за
да спречите одложено еруптивно вриење.
Не гответе јајца во лушпа, а
целите тврдо варени јајца не
смеат да се загреваат во
микробрановата печка
бидејќи може да експлоди-
раат дури и откако ќе истече
времето за готвење. За
готвење јајца што не се
изматени или размешани,
дупнете ги жолчките и
белките. Во спротивно,
јајцата може да експлод-
ираат. Излупете и исечете ги
тврдо варените јајца пред да
ги загревате одново во
микробрановата печка.
Избоцкајте ја лушпата на храната како компири,
колбаси и овошје пред готвење. Во спротивно,
може да експлодира.
За да избегнете можност од изгореници
Користете држачи за тенџериња или ракавици
за рерна кога вадите храна од печката за да
спречите изгореници. Секогаш отворајте ги
садовите, вреќите за пуканки, кесите за готвење
во печката, итн. подалеку од лицето и рацете за
да избегнете изгореници од пареата.
За да избегнете изгореници,
секогаш тестирајте ја
температурата на храната и
промешајте пред да ја
сервирате. Поведете особено
внимание на температурата
на храната и пијалакот кога ги
давате на бебиња, деца или
стари лица.
Температурата на садот не е точен показател за
температурата на храната или пијалакот.
Секогаш проверувајте ја температурата на
храната. Секогаш стојте подалеку од вратата на
печката кога ја отворате за да избегнете
изгореници од пареата и врелината што
излегува. Исечете ја на парчиња полнетата
печена храна по загревање за да овозможите да
излезе пареата и да избегнете изгореници.
Чувајте ги децата подалеку од
врата и достапните делови
што може да станат врели
кога се користи грилот.
Децата треба да се држат
настрана за да се спречи да се
изгорат. Не допирајте ги
вратата на печката,
надворешното куќиште,
задниот дел на куќиштето,
внатрешноста на печката,
отворите за вентилација,
дополнителните делови и
садовите за време на
режимот за ГРИЛ, режимот за
ДВОЕН ГРИЛ и РАБОТА НА
АВТОМАТСКОТО ГОТВЕЊЕ
бидејќи стануваат врели.
Проверете дали се врели
пред чистење.
Comentários a estes Manuais