
тоа, се препорачува надворешноста на
апаратот да се чисти само со топла вода со
малку течност за миење.
По чистењето, приклучете ја повторно
опремата во електричната мрежа.
Одмрзнување на фрижидерот
Мразот автоматски се отстранува од
испарувачот во фрижидерската преграда
секогаш кога моторниот компресор ќе
престане да работи во текот на вообичаената
употреба. Водата од одмрзнувањето истекува
во посебен сад од задната страна на
апаратот, над моторниот компресор, од кој
што испарува.
Важно е повремено да се исчисти дупчето за
истекување на водата од одмрзнувањето на
средината на каналот во фрижидерската
преграда за да се спречи прелевање на
водата и нејзино капење врз храната внатре.
Користете го приложениот специјален чистач,
што ќе го најдете веќе вметнат во дупчето за
истекување.
Што да сторите ако...
Нормални работни звуци
• Кога разладното средство се пумпа низ
намотките или цевките, може да се слуша
звук на тивко гргорење и клокотење. Тоа е
нормално.
• Кога компресорот е вклучен, средството за
ладење се пумпа низ системот и од него ќе
слушате звуци на шумење и тропање. Тоа е
нормално.
• Термичката дилатација може да
предизвика ненадејни звуци на пукање. Тоа
е природен, безопасен физички феномен.
Тоа е нормално.
• Кога компресорот се вклучува или
исклучува, ќе слушате слабо "кликање" на
температурниот регулатор. Тоа е
нормално.
Технички податоци
Димензии
Височина 1250 mm
Широчина 550 mm
Длабочина 612 mm
Техничките информации се наоѓаат на
плочката со спецификации од левата страна
внатре во апаратот и на етикетата за
енергија.
Монтажа
ВНИМАНИЕ Прочитајте ги
"Безбедносните информации"
внимателно пред да го наместите апаратот за
да бидете побезбедни и апаратот да работи
правилно.
Поставување
Наместете го апаратот на место каде што
околната температура е соодветна на
климатската класа укажана на плочката со
спецификации на апаратот:
38 electrolux
Comentários a estes Manuais