Electrolux ERC25010W Guia Básico Página 37

  • Descarregar
  • Adicionar aos meus manuais
  • Imprimir
  • Página
    / 68
  • Índice
  • MARCADORES
  • Avaliado. / 5. Com base em avaliações de clientes
Vista de página 36
Заштита на животната средина
Апаратот не содржи гасови што може да
го оштетат озонскиот слој ниту во
водовите за ладење, ниту во изолациските
материјали. Апаратот не смее да се
расходува заедно со обичен комунален смет
и ѓубре. Изолациската пена содржи запаливи
гасови: апаратот мора да се расходува
согласно со важечките прописи што може да
ги добиете од локалните власти. Избегнувајте
оштетување на уредот за ладење, особен
одзади, близу до разменувачот на топлина.
Материјалите употребени за овој апарат
означени со симболот
се рециклираат.
Ракување
Вклучување
Вметнете го приклучникот во ѕиден штекер.
Свртете го регулаторот на температурата
надесно до средната поставка.
Исклучување
За да го исклучите апаратот, свртете го
регулаторот на температурата во положба
"O".
Регулирање на температурата
Температурата се регулира автоматски.
За да работите со апаратот, постапете на
следниов начин:
свртете го регулаторот на температурата
кон помалата поставка за да постигнете
минимално ладење.
свртете го регулаторот на температурата
кон поголемата поставка за да постигнете
максимално ладење.
Средната поставка, општо земено, е
најпогодна.
Меѓутоа, точната поставка треба да се
одбере имајќи предвид дека температурата
во внатрешноста на апаратот зависи од:
собната температура
колку често се отвора вратата
количеството храна што се чува
местоположбата на апаратот.
ВАЖНО Ако околната температура е висока
или апаратот е целосно наполнет, а апаратот
е поставен на најниската температура, може
да работи непрестано што ќе предизвика да
се формира мраз на задниот ѕид. Во тој
случај, тркалцето мора да се постави на
повисока температура за да се овозможи
автоматско одмрзнување, а со тоа и помала
потрошувачка на енергија.
Секојдневна употреба
Контрола на влажноста
Стаклената полица има вграден уред со
процепи (приспособливи со рачка за
лизгање), што овозможува да се регулира
температурата во фиоките за зеленчук.
Кога отворите за проветрување се затворени:
природната влага на храната во преградите
за овошје и зеленчук се задржува подолго.
Кога отворите за проветрување се отворени:
поголемото кружење на воздухот дава
помала влага во преградите за овошје и
зеленчук.
Нега и чистење
ВНИМАНИЕ Исклучете го апаратот од
струја пред да вршите каква било
постапка за одржување.
Апаратот содржи јагленохидрати во
уредот за ладење; одржувањето и
повторното полнење може да ги вршат само
овластени техничари.
Многу средства за чистење кујнски површини
содржат хемикалии што може да ја нагризат
или оштетат пластиката на апаратот. Поради
electrolux 37
Vista de página 36
1 2 ... 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 ... 67 68

Comentários a estes Manuais

Sem comentários