
• Опасно е да се менуваат спецификациите
или да се вршат какви и да било измени на
производот. Секое оштетување на кабелот
може да предизвика краток спој, пожар и/
или струен удар.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Сите електрични
делови (кабелот за струја, приклучокот,
компресорот) мора да ги заменува
сертифициран или квалификуван сервисер.
1. Кабелот за струја не смее да се
продолжува.
2. Проверете приклучокот за во штекер да
не е смачкан или оштетен од задниот
дел на уредот. Смачкан или оштетен
приклучок за во штекер може да се
прегрее и да предизвика пожар.
3. Внимавајте приклучокот во
електричната мрежа да е пристапен.
4. Не влечете го кабелот.
5. Ако штекерот е разлабавен, не
вметнувајте го приклучокот во него.
Постои опасност од струен удар или
пожар.
6. Апаратот не смее да работи без капакот
за ламбата
13)
на внатрешното светло.
• Апаратот е тежок. Треба да се внимава кога
се поместува.
• Не вадете ги и не допирајте ги предметите
во преградите на замрзнувачот ако рацете
ви се мокри или влажни, зашто така може
да дојде до гребење на кожата и
смрзнатици.
• Избегнувајте подолга изложеност на
апаратот на директна сончева светлина.
Секојдневна употреба
• Не ставајте жешки садови на пластичните
делови на апаратот.
• Не чувајте запаливи гасови и течности во
апаратот, зашто тие може да експлодираат.
• Мора строго да се почитуваат препораките
за чување на производителот на апаратот.
Нега и чистење
• Пред одржување, исклучете го апаратот и
извадете го приклучокот за струја од
штекерот. Ако не можете да пријдете кон
приклучокот за струја, прекинете го
струјното коло.
• Пред првото користење на апаратот,
измијте ја внатрешноста и сите внатрешни
додатоци со млака вода и малку неутрален
сапун за да се отстрани карактеристичниот
мирис на новите производи, па исушете го
темелно.
• Не чистете го апаратот со метални
предмети.
• Редовно проверувајте го одводот на
фрижидерот за одмрзната вода. Ако е
неопходно, исчистете го одводот. Ако
одводот е блокиран, ќе се собира вода на
дното на фрижидерот.
Местење
ВАЖНО За електричното поврзување,
внимателно постапете според упатствата
дадени во одделните пасуси.
• Распакувајте го апаратот и проверете да не
е оштетен. Не приклучувајте го апаратот
ако е оштетен. Пријавете ги евентуалните
оштетувања веднаш таму каде што сте го
купиле апаратот. Во тој случај, престанете
со распакување.
• Препорачливо е да се почека најмалку
четири часа пред да се приклучи апаратот
за да може маслото да се врати во
компресорот.
• Околу апаратот треба да има соодветно
кружење на воздухот - без него може да
дојде до прегревање. За да се постигне
доволно проветрување, следете ги
упатствата за местење.
• Секогаш кога е можно, задниот дел на
производот треба да е блиску до ѕид, за да
не биде можно допирање или фаќање на
топлите делови (компресорот,
кондензаторот) и изгорувањето од нив.
• Апаратот не смее да се наоѓа блиску до
радијатори или плински шпорети.
• Внимавајте штекерот да е пристапен по
местењето на апаратот.
• Поврзувајте само со довод на вода за
пиење.
14)
Сервисирање
• Електричните приспособувања потребни за
сервисирање на апаратот треба да ги
изврши квалификуван електричар или
компетентно лице.
• Производот мора да го сервисира овластен
Сервисен центар и мора да се користат
само оригинални резервни делови.
13) Ако е предвиден капак за ламбата
14) Ако е предвидено водоводно поврзување
36 electrolux
Comentários a estes Manuais