Electrolux EWT136580W Guia Básico Página 20

  • Descarregar
  • Adicionar aos meus manuais
  • Imprimir
  • Página
    / 68
  • Índice
  • MARCADORES
  • Avaliado. / 5. Com base em avaliações de clientes
Vista de página 19
Проблеми при работата
Пред да излезе од фабриката, вашиот апарат
беше подложен на бројни проверки. Меѓутоа,
ако забележите дека не функционира
правилно, погледнете подолу пред да се
јавите на сервис.
Проблеми Причини
Машината за перење
не почнува да работи
или не се полни со
вода:
апаратот не е правилно приклучен, електричната инсталација не
работи, има проблем со напојувањето,
капакот на апаратот и вратите на барабанот не се цврсто
затворени,
командата за почнување на програмата не е правилно одбрана,
прекинат е доводот на вода, затворена е славината за вода,
филтрите на доводот на вода се валкани,
на цревото за довод на вода се појавува црвена ознака.
Апаратот се полни со
вода, но веднаш ја
празни:
U-држачот за одвод е наместен премногу ниско (видете во делот
за монтажа).
Машината за перење
не плакне или не ја
црпи водата:
одводното црево е блокирано или извиткано,
филтерот за одвод е затнат,
се активирал детекторот за нерамнотежа : алиштата во
барабанот се распоредени нерамномерно,
одбрана е програмата „Црпење" или опциите „Ноќно Тивко плус"
или „Задржување на плакнењето",
висината на одводниот U-држач е несоодветна.
Има вода околу
машината за перење:
преголемата количина детергент предизвикала да се прелее
пената,
детергентот не е погоден за машинско перење,
одводниот U-држач не е правилно наместен,
филтерот за одвод не е вратен на место,
доводното црево протекува.
Перењето не дава
задоволителни
резултати :
детергентот не е погоден за машинско перење,
има премногу алишта во барабанот,
одбраната програма е несоодветна,
нема доволно детергент.
Апаратот се тресе и е
бучен:
не е отстранета сета амбалажа од апаратот (видете во делот за
монтажа),
апаратот не е порамнет и не е урамнотежен,
апаратот е премногу блиску до ѕид или мебел,
алиштата во барабанот се распоредени нерамномерно,
премалку алишта.
Перењето трае
премногу долго:
филтрите на доводот на вода се валкани,
нема довод на струја или вода,
се активирал детекторот за прегревање на моторот,
температурата на доводната вода е пониска од вообичаено,
се активирал безбедносниот систем за откривање пена (премногу
детергент) и машината почнала да ја црпи пената,
се активирал детекторот за нерамнотежа : додадена е
дополнителна фаза за да се распределат алиштата
порамномерно во барабанот.
Машината престанува
да работи за време на
перењето:
доводот на вода или струја е неисправен,
одбрано е Задржување на плакнењето,
вратите на барабанот се отворени.
Капакот не се отвора
по завршувањето на
циклусот:
температурата во барабанот е премногу висока,
капакот се отклучува 1 - 2 минути по завршувањето на циклусот.
20 electrolux
Vista de página 19
1 2 ... 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 ... 67 68

Comentários a estes Manuais

Sem comentários