
Ако врвовите на ножевите штрчат од
дното на корпата, ќе се блокира долната
прскалка. Ставете ги ножевите со
рачките надолу.
Мешајте ги лажиците со друг прибор за
да не се залепат една за друга.
Користете ја мрежата за прибор. Ако
димензиите на приборот не дозволуваат
користење мрежа, може да ја извадите.
Горна корпа
Горната корпа е наменета за чинии (со
пречник од најмногу 24 см), каленици,
шољи, чаши, тенџериња и капаци.
Наредете ги предметите така што
водата ќе може да допре до сите
површини.
Ставете ги големите чинии само од
задниот дел на горната корпа.
Навалете ги нанапред.
Ставете ги чашите со долги ногарки во
држачот за чаши со ногарките нагоре. За
подолгите предмети преклопете ги
држачите за шољи нагоре.
Прилагодување на височината на
горната корпа
Ако ставате големи чинии во долната
корпа, првин поместете ја горната корпа
во повисока положба.
ВНИМАНИЕ Прилагодете ја
височината пред да ја наполните
горната корпа.
Најголема височина на садовите
горна
корпа
долна
корпа
Горна положба 20 см 31 см
Долна положба 24 см 27 см
Направете го следново за да ја
поместите горната корпа во горната
положба:
1. Придвижете ги предните граничници
(А) нанадвор.
2. Извлечете ја корпата.
3. Ставете ја корпата во горната
положба.
4. Вратете ги предните граничници (А)
во почетната положба.
electrolux 45
Comentários a estes Manuais