
ОДВОДНА ПУМПА
Редовно прегледувајте го одводниот
филтер и проверувајте дали е чист.
Редовно чистете го филтерот и/или ако:
• Апаратот не испушта вода.
• Барабанот не се врти.
• Апаратот испушта невобичаен звук
заради блокирање на одводната
пумпа.
• Се открие проблем кај системот за
одвод на водата (за повеќе детали,
погледнете го поглавјето "
Што да
сторите ако...“).
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
1. Извадете го приклучокот за
струја од штекерот.
2. Не го отстранувајте филтерот
кога апаратот работи. Не ја
чистете одводната пумпа ако
водата во апаратот е жешка.
Водата мора да биде ладна
пред да ја чистите одводната
пумпа.
Чистење на одводната пумпа:
1. Отворете ја вратата од пумпата.
2. Ставете сад под вдлабнатината на
одводната пумпа за да ја соберете
водата што истекува.
3. Притиснете ги двете рачки и
извлечете ја одводната цевка за да
ја испуштите цевката.
4. Кога садот е полн со вода, вратете
ја одводната цевка назад и
испразнете го садот. Повторете ги
чекорите 3 и 4 уште еднаш се
додека не истече целата вода од
одводната пумпа.
5. Извлечете ја одводната цевка.
6. Целосно одвртете го филтерот и
извадете го.
1
2
7. Извадате ги влакненцата и
предметите од пумпата.
20 electrolux
Comentários a estes Manuais