Electrolux ERB40605X Guia Básico Página 38

  • Descarregar
  • Adicionar aos meus manuais
  • Imprimir
  • Página
    / 68
  • Índice
  • MARCADORES
  • Avaliado. / 5. Com base em avaliações de clientes
Vista de página 37
НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ Исклучете го апаратот од
струја пред да вршите каква било
постапка за одржување.
Апаратот содржи јагленохидрати во
уредот за ладење; одржувањето и
повторното полнење може да ги вршат само
овластени техничари.
Одмрзнување на фрижидерот
Мразот автоматски се отстранува од
испарувачот во фрижидерската преграда
секогаш кога моторниот компресор ќе
престане да работи во текот на
вообичаената употреба. Водата од
одмрзнувањето истекува во посебен сад од
задната страна на апаратот, над моторниот
компресор, од кој што испарува.
Важно е повремено да се исчисти дупчето за
истекување на водата од одмрзнувањето на
средината на каналот во фрижидерската
преграда за да се спречи прелевање на
водата и нејзино капење врз храната внатре.
Користете го приложениот специјален
чистач, што ќе го најдете веќе вметнат во
дупчето за истекување.
Одмрзнување на замрзнувачот
На полиците на замрзнувачот и околу
најгорната преграда секогаш ќе се формира
малку мраз.
Одмрзнете го замрзнувачот кога слојот мраз
ќе достигне дебелина од околу 3-5 mm.
За да го отстраните мразот, постапете на
следниов начин:
извлечете го приклучникот од ѕидниот
штекер или исклучете го апаратот
извадете ја храната, завиткајте ја во
неколку слоја весник и ставете је на
студено место
извадете ги фиоките на замрзнувачот
ставете изолациски материјал околу
фиоките, на пр. ќебиња или весници.
Одмрзнувањето може да се забрза со
ставање садови со топла вода (не што врие)
во фрижидерот.
Ослободете го одводниот канал од
положбата, притиснете го како на сликата
и ставете го во најдолната фиока на
замрзнувачот каде што може да се собира
водата.
внимателно изгребете го мразот кога ќе
почне да се топи. Користете дрвен или
пластичен гребач.
кога ќе се стопи целиот мраз, исчистете ја
и избришете ја целата внатрешност со
сува крпа, па вратете го одводниот канал
на место.
вклучете го фрижидерот и вратете ја
смрзнатата храна.
Се препорачува апаратот да се вклучи на
најголемата поставка на термостатот
неколку часа за да може да постигне
доволна температура за чување што е
можно поскоро.
ВАЖНО Никогаш не користете метални
алатки за гребење на мразот од
испарувачот, зашто може да го оштетите. Не
користете механички уреди или вештачки
средства за забрзување на топењето освен
оние што ги препорачува производителот.
Покачувањето на температурата на
смрзнатата храна за време на
одмрзнувањето може да го скрати нивниот
век на чување.
38 electrolux
Vista de página 37
1 2 ... 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 ... 67 68

Comentários a estes Manuais

Sem comentários