
2
1
2.
Повлечете го задниот дел од држачите
настрана од страничниот ѕид и извадете
го.
Местење на држачите за
решетката
Монтирајте ги држачите за решетката по
обратен редослед.
Кружните краеви од држачите мора
да бидат завртени нанапред.
12.3 Светилка во печката
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Внимавајте кога ја заменувате
светилката на печката. Постои
опасност од струен удар.
Пред да ја замените светилката на печката:
• Исклучете ја печката.
• Извадете ги осигурувачите од кутијата или
исклучете го прекинувачот на струјното
коло.
Ставете крпа на долниот дел од
печката за да спречите оштетување
на светилката на печката и на
стакленото капаче.
Секогаш држете ја халогената
светилка со ткаенина за да спречите
на светилката да изгорат остатоци од
маснотија.
1.
Свртете го стакленото капаче налево за
да го извадите.
2.
Исчистете го стакленото капаче.
3.
Заменете ја светилката на печката со
светилка за печка отпорна на топлина до
300°C.
Употребете ист тип светилка за печка.
4.
Наместете го стакленото капаче.
12.4 Чистење на садот за вода
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Не ставајте вода во садот за вода во
текот на процедурата за чистење.
Во текот на процедурата за чистење
може да се цеди вода од доводот на
пареа во рерната. Ставете сад за
собирање на водата на нивото на
решетката директно под доводот на
пареа за да спречите паѓање на
водата на дното на рерната.
По одредено време, може да се створат
наслаги од бигор во печката. За да го
спречите тоа, чистете ги деловите од печката
коишто ја создаваат пареата. Празнете го
садот по секое готвење со пареа.
1.
Наполнете го садот за вода со 900 ml
вода и 50 ml лимонска киселина (пет
мали лажички). Исклучете ја печката и
почекајте околу 60 минути.
2.
Вклучете ја печката и поставете ја
функцијата Вентилатор + Пареа .
Поставете температура од 230°C.
Исклучете ја по 25 минути и оставете ја
да се излади 15 минути.
3.
Вклучете ја печката и поставете ја
функцијата Вентилатор + Пареа .
Поставете температура помеѓу 130°C и
230°C. Исклучете ја по 10 минути.
Оставете ја да се излади и продолжете
со отстранувањето на содржината на
садот (видете во „Празнење на садот за
вода“).
4.
Исплакнете го садот за вода и исчистете
го преостанатиот бигор во печката со
крпа.
5.
Рачно исчистете ја цевката за
испуштање со топла сапуница. За да
спречите оштетување, не користете
киселини, спрејови или слични средства
за чистење.
Типови вода
• Мека вода со ниска содржина на бигор -
производителот го препорачува тоа бидејќи
го намалува обемот на процедурите за
чистење.
МАКЕДОНСКИ 35
Comentários a estes Manuais