
За да го отстраните мразот, постапете на
следниов начин:
1.
Исклучете го апаратот.
2.
Извадете ја храната, завиткајте ја во
неколку слоја весник и ставете је на
студено место.
ВНИМАНИЕ
Не допирајте ги смрзнатите работи
со мокри раце. Рацете може да се
залепат за смрзнатото.
3.
Оставете ја вратата отворена и вметнете
ја пластичната гребалка во соодветното
лежиште во долниот среден дел, ставајќи
леген одоздола за да ја собира водата од
одмрзнувањето.
За да се забрза одмрзнувањето,
ставете сад со топла вода во
комората за замрзнување. Освен тоа,
отстранете ги парчињата мраз што се
откачуваат пред да заврши
одмрзнувањето.
4.
Кога ќе заврши одмрзнувањето, исушете
ја внатрешноста темелно и чувајте ја
гребалката за идна употреба.
5.
Вклучете го апаратот.
6.
По два или три часа, вратете ја
извадената храна во комората.
Никогаш не користете метални алатки за да
го стругате мразот од испарувачот, бидејќи
може да го оштетите.
Не користете механички уреди или какви било
други вештачки средства за забрзување на
процесот на одмрзнување, освен оние што се
препорачани од производителот.
Зголемувањето на температурата на
смрзнатата храна за време на одмрзнувањето
може да го скрати нејзиниот век на чување.
5.4 Периоди неработење
Кога апаратот не се користи подолго време,
преземете ги следниве предострожности:
• откачете го апаратот од електричната
мрежа
• извадете ја сета храна
• одмрзнете ги (ако е предвидено) и
исчистете ги апаратот и сите додатоци
• оставете ја вратата или вратите
подотворени за да спречите непријатни
мириси.
Ако фрижидерот треба да остане вклучен,
замолете некого да го проверува повремено
за да не се случи храната да се расипе во
случај на снемување струја.
50
www.electrolux.com
Comentários a estes Manuais