
1.6 Сервисирање
• Електричните приспособувања потребни за
сервисирање на апаратот треба да ги
изврши квалификуван електричар или
компетентно лице.
• Производот мора да го сервисира овластен
Сервисен центар и мора да се користат
само оригинални резервни делови.
1.7 Заштита на животната средина
Апаратот не содржи гасови што може
да го оштетат озонскиот слој ниту во
водовите за ладење, ниту во
изолациските материјали. Апаратот
не смее да се расходува заедно со
обичен комунален смет и ѓубре.
Изолациската пена содржи запаливи
гасови: апаратот мора да се
расходува согласно со важечките
прописи што може да ги добиете од
локалните власти. Избегнувајте
оштетување на уредот за ладење,
особен одзади, близу до
разменувачот на топлина.
Материјалите употребени за овој
апарат означени со симболот
се
рециклираат.
2. РАКУВАЊЕ
2.1 Вклучување
Вметнете го приклучникот во ѕиден штекер.
Свртете го регулаторот на температурата
надесно до средната поставка.
2.2 Исклучување
За да го исклучите апаратот, свртете го
регулаторот на температурата во положба
"O".
2.3 Регулирање на температурата
Температурата се регулира автоматски.
За да работите со апаратот, постапете на
следниов начин:
• свртете го регулаторот на температурата
кон помалата поставка за да постигнете
минимално ладење.
• свртете го регулаторот на температурата
кон поголемата поставка за да постигнете
максимално ладење.
Средната поставка, општо земено, е
најпогодна.
Меѓутоа, точната поставка треба да се
одбере имајќи предвид дека температурата
во внатрешноста на апаратот зависи од:
• собната температура
• колку често се отвора вратата
• количеството храна што се чува
• местоположбата на апаратот.
Ако околната температура е висока
или апаратот е целосно наполнет, а
апаратот е поставен на најниската
температура, може да работи
непрестано што ќе предизвика да се
формира мраз на задниот ѕид. Во тој
случај, тркалцето мора да се постави
на повисока температура за да се
овозможи автоматско одмрзнување,
а со тоа и помала потрошувачка на
енергија.
3. СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА
3.1 Пред првата употреба
Пред првото користење на апаратот, измијте
ја внатрешноста и сите внатрешни додатоци
со млака вода и неутрален сапун за да се
отстрани карактеристичниот мирис на новите
производи, а потоа темелно исушете ги.
Не користете детергенти или груби
прашоци, тие можат да ја оштетат
политурата.
МАКЕДОНСКИ 45
Comentários a estes Manuais