
• Внимавајте кога ја менувате ламбата
на печката. Постои опасност од
струен удар!
Местење
• Апаратот смее да го мести, поврзува
или поправа само овластен сервисен
техничар.
• Целосно почитувајте ги законите,
прописите, директивите и
стандардите на сила во земјата каде
што го користите апаратот
(безбедносни прописи, прописи за
рециклирање, правила за електрична
или безбедност на гасот и сл.)!
• Ако не ги почитувате упатствата за
местење, гаранцијата не важи за
оштетувањата.
• Внимавајте апаратот да не е оштетен
од превозот. Не поврзувајте оштетен
апарат. Ако е неопходно, јавете се на
добавувачот.
• Не местете го апаратот во близина
на лесно запаливи материјали (на пр.
завеси, чаршафи и сл.)
• Извадете ја цела амбалажа пред
првата употреба.
• Апаратот е тежок. Внимавајте кога го
поместувате. Секогаш користете
заштитни ракавици. Никогаш не
влечете го апаратот за рачката или
за плочата за готвење.
• Одржувајте минимално растојание од
другите апарати и уреди!
• Важно! Не ставајте го шпоретот на
подножје или штички за да биде
повисоко. Тоа го зголемува ризикот
шпоретот да се преврти!
Поврзување на електриката
•
Апаратот мора да биде вземјен.
• Проверете дали информациите на
плочката со спецификации е во
согласност со вашето домашно
напојување.
• Секогаш користете правилно
инсталиран штекер обезбеден од
струјни удари.
• Не користете те-штеци, приклучници
и продолжни кабли со повеќе
приклучоци. Постои опасност од
пожар.
• Не заменувајте го и не менувајте го
кабелот за струја сами. Јавете се на
сервисниот центар.
• Во електричната инсталација мора да
се обезбеди склопка која ќе овозможи
одвојување на апаратот од струјата
во сите полови, со контактен отвор од
најмалку 3 mm.
• Внимавајте приклучникот за струја и
кабелот да не се смачкаат или
оштетат од задниот дел на апаратот.
• Внимавајте штекерот да е пристапен
по местењето на апаратот.
• Не влечете го кабелот за да го
откачите од струја. Секогаш
повлекувајте го приклучникот.
• Мора да имате соодветни изолациски
уреди: сигурносни склопки,
осигурувачи (оние што се навртуваат
треба да се вадат од лежиштето),
заштитни склопки за преостаната
струја и контактори.
• Податоци за напонот се дадени на
плочката со спецификации.
Сервисирање
• Овој апарат смее да го поправа само
овластен сервисен техничар.
Користете само оригинални резервни
делови. Контактирајте со овластен
сервисен центар.
electrolux 21
Comentários a estes Manuais