
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Течноста којашто тече за време на
готвењето може да предизвика
кршење на стаклото
Информации за акриламиди
ВАЖНО Според најновите научни сознанија,
ако ја препечувате храната (особено онаа
што содржи скроб), акриламидите може да
претставуваат ризик за здравјето. Затоа,
препорачуваме да готвите на најниски
температури и да не ја препечувате храната
премногу.
6. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Видете во поглавјата за заштита и
сигурност.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
За да го исчистите апаратот,
исклучете го и оставете го прво да се
излади. Пред да го чистите или
одржувате, исклучете го апаратот од
струја.
Гребаниците или темните дамки на
површината не влијаат врз работата
на апаратот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Висока концентрација на влага или
потопување на пламениците во вода
подолг временски период може да ја
оштети нивната површина.
• За полесно чистење на површината за
готвење можете да ги извадите држачите
за тави.
• За да го исчистите емајлираниот капак,
измијте го со топла вода со сапуница и
избришете го внимателно пред да го
вратите назад.
• Бронзените круни на пламениците можат
да потемнат после долга употреба. За да
ги отстраните темните дамки, постапете на
следниот начин:
– Подгответе мешавина од 50% вода и
50% вински оцет.
– Потопете ги круните во мешавината не
подолго од 10 минути. Отстранете ги
дамките со сунгер.
– Исплакнете ги круните со вода за да ја
отстраните мешавината и внимателно
избришете ги.
• Измијте ги деловите од не’рѓосувачки челик
со вода, а потоа исушете ги со мека крпа.
• Држачите за садови не се отпорни на
миење во машина за миење садови. Тие
мора да се мијат рачно.
• При рачно миење на држачите за садови,
внимавајте кога ги сушите бидејќи
емајлираната облога повремено може да
има остри рабови. Доколку е потребно,
можете да ги отстраните тврдокорните
дамки со помош на крем-детергент.
• Откако ќе ги исчистите држачите за садови,
проверете дали се во точната положба.
• Проверете дали рачките на држачите за
садови се во центарот на пламеникот за да
може пламеникот да работи правилно.
• Бидете многу внимателни при замената на
држачите за садови за да спречите
оштетување на горниот дел на површината
за готвење.
По чистењето, исушете го апаратот со мека
крпа.
За да ги држат садовите во правилна
положба, тие се ставаат на металните
клинови поставени на страниците на
површината за готвење. Држачите за садови
може да се извадат за полесно чистење на
површината за готвење. Подигнете ги
држачите за садови држејќи ги во
хоризонтална положба, како што е прикажано
на последната слика.
Не подигајте ги држачите под агол,
бидејќи со тоа ќе ги напрегнете
металните клинови. Тоа може да ги
оштети клиновите и да предизвика
нивно кршење.
МАКЕДОНСКИ 39
Comentários a estes Manuais