
Направете го следново за да го
наполните дозерот за средство за
плакнење:
1. Притиснете го копчето за
ослободување (A) за да го отворите
дозерот за средство за плакнење.
2. Наполнете го дозерот со средство за
плакнење. Ознаката "max." го
покажува максималното ниво.
3. Отстранете го истуреното средство
за плакнење со впивлива крпа за да
спречите преголемо пенење за
време на следната програма за
миење садови.
4. Затворете го дозерот за средство за
плакнење.
Прилагодување на дозирањето на
средството за плакнење
Средството за плакнење е фабрички
поставено во положба 4.
Може да ја поставите дозата на
средството за плакнење меѓу положба 1
(најмала доза) и положба 6 (најголема
доза).
1. Свртете го тркалцето за средство за
плакнење за да ја зголемите или
намалите дозата.
– Зголемете ја дозата ако има капки
вода или бигор на садовите.
– Намалете ја дозата ако има ленти,
белузлави дамки или синкави
слоеви на садовите.
Полнење прибор за јадење и садови
Совети и препораки
ВНИМАНИЕ Користете го апаратот
само за прибор за домаќинство што
може да се мие во машина.
Не користете го апаратот за перење
предмети што впиваат вода (сунѓери,
крпи и сл.).
• Пред да ставите садови и прибор за
јадење, направете го следново:
– Отстранете ги сите остатоци од
храна и покрупни нечистотии.
– Омекнете ја запечената храна во
тавчињата.
32 electrolux
Comentários a estes Manuais