
МОНТАЖА
Пред монтажата
Пред да го монтирате апаратот, прочитајте ги
сите информации кои се наоѓаат на плочката
со спецификации. Плочката со спецификации
се наоѓа на дното од куќиштето на апаратот.
• Модел ...............................
• Број на производ
(PNC) ...................................
• Сериски број (S.N.) ............
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Следниве упатства за монтажа,
поврзување и одржување мора да ги
изведуваат квалификувани
техничари во согласност со
стандардите и локалните важечки
прописи.
ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ГАС
Проверете за да потврдите дека за време на
монтирањето апаратот не е приклучен во
струја. Иклучете го кабелот од приклучницата
за струја или исклучете ги осигурувачите.
Икслучете го доводот на гас.
Проверете дали е затворен доводот на гас
меѓу доводот за домот и апаратот.
Поставките за овој апарат се наведени на
табличката со спецификации. Тековните
поставки за типот на гас и притисокот на гасот
се наведени на лепенка
Одберете фиксен приклучок или употребете
флексибилно црево од нерѓосувачки челик во
согласност со важечките закони. Ако
употребувате флексибилни метални црева
бидете внимателни да не дојдат во допир со
подвижните делови или да не бидат
смачкани. Бидете внимателни и кога
површината за готвење е споена со печката.
Овој уред не е поврзан со одовод за излез на
гас. Апаратот мора да е поврзан во
согласност со применливите услови за
монтирање. Посветете посебно внимание за
да го корегирате протокот на воздух.
Уверете се дека притисокот на доводот на гас
на апаратот е во согласност со
препорачаните вредности. Спојката што може
да се конвертира се прицврстува на широката
рампа со помош на навртка со навој G 1/2".
Зашрафете ги деловите без премногу сила,
приспособете го поврзувањето во саканата
насока и стегнете ги сите делови.
ABC
A)
Крај на вратилото со навртка
B)
Облога
C)
Колено
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Секогаш после монтирање проверете
колку се стегнати поврузвањата така
што ќе употребите сапунов раствр.
Никогаш не употребувајте пламен за
да проверите колку се стегнати.
Поврзување на флексибилни
неметални цевки:
Ако е можно лесно да се контролира врската
на нејзината цела површина, може да
користите флексибилна цевка. Цврсто
прицврстете ја флексибилната цевка со
клемите.
Течен гас: употребете го гумениот држач за
цевка. Секогаш користете дихтунг. Потоа
продолжете со поврзувањето на гасот.
Флексибилната цевка е подготвена за
примена кога:
– не е подолга од 1500 mm;
– нема затнувања;
– не е изложена на истегнување или
усукување;
– не доаѓа во допир со остри рабови или
агли;
– може лесно да се прегледа за да се утврди
состојбата.
Контролата на состојбата на флексибилната
цевка се состои во проверка на следниве
работи:
– да не е напукната, расечена или подгорена
на двата краја и по целата должина;
– материјалот да не е стврднат, туку да е
правилно еластичен;
– стегите да не се 'рѓосани;
28
www.electrolux.com
Comentários a estes Manuais