• Морате да имате соодветни уреди за
изолација: осигурувачи, фази
(завртете ги отстранетите
осигурувачи од таблата ),
заземјувањето и контакторите.
• Пред инсталацијата, уверете се дека
кујнскиот шкаф има соодветни
димензии.
• Уверете се дека апаратот е
инсталиран под најблиските
сигурносни структури.
• Одржувајте минимална одалеченост
од другите апарати и делови.
• Апаратот не може да биде поставен
на основа.
• Вградените печки и површините за
готвење се поврзани со посебен
систем за поврзување. За да
спречите оштетување на апаратот,
употребувајте само апарат со апарат
од истиот произведувач.
Поврзување на струјата
• Апаратот мора да биде заземјен.
• Уверете се дека податоците за
струјата од плочката со
спецификации одговараат на Вашето
домашно струјно напојување.
• Податокот за напонот е наведен на
плочката со спецификации.
• Секогаш користете правилно
инсталиран приклучок за струја
обезбеден од струјни удари.
• Не користете Т-штекери, приклучни
кутии и кабли за продолжување со
повеќе приклучоци. Постои опасност
од пожар.
• Не заменувајте го ниту ставајте друг
кабел за струја. Контактирајте со
сервисниот центар.
• Уверете се дека штекерот (ако го
има) и кабелот за струја нема да се
нагмечат или оштетат зад апаратот.
• Не влечете го кабелот за напојување
за да го исклучите апаратот од струја.
Секогаш повлекувајте го приклучокот
за струја - ако е возможно.
Употребете
• Апаратот е само за домашна
употреба. Не употребувајте го
апаратот за комерцијална или
индустриска цел.
• Апаратот употребувајте го само за
домашно готвење. Ова е со цел,
лицата да бидат заштитени од
физички повреди или да се спречи
оштета на имот.
• Не употребувајте го апаратот како
работна површина или како простор
за складирање.
• За време на употреба се вжештуваат
внатрешноста на апаратот и
приборот. Постои опасност од
изгореници. Употребувајте заштитни
ракавици кога ставате или вадите
прибор или тенџериња.
• Бидете внимателни кога ги
отстранувате или инсталирате
додатоците за да го заштитите од
оштетување енамелот на печката.
• Кога апаратот работи секогаш стојте
настрана од апаратот кога ја
отварате вратата. Може да испушти
жешка пареа. Има ризик од
изгореници на кожата.
• За да го заштитите енамелот од
оштетување или губење на бојата:
– не ставајте било какви предмети
дирекно на апаратот и не
покривајте го со алуминиумска
фолија;
– не ставајте врела вода дирекно во
апаратот;
– не чувајте влажни чинии или храна
во апаратот откако сте завршиле со
готвењето.
• Губењето на бојата на енамелот
нема никаков ефект на работата на
апаратот
• Не притискајте на вратата.
• Кога готвите секогаш затворете ја
вратата, дури и за време на
печењето на скара.
Нега и чистење
• Пред одржување, исклучете го
апаратот и извлечете го штекерот од
приклучокот за струја.
• Пред одржувањето, проверете дали
апаратот е изладен. Постои опасност
од изгореници. Постои опасност од
кршење на стаклените плочи.
• Одржувајте го апаратот постојано
чист. Наталожените маснотии или
electrolux 3
Comentários a estes Manuais