Готвење во запечатени пластични
ќеси
Препораки за безбедност на храната:
Функцијата Готвење во запечатени пластични
ќеси користи пониски температури за готвење
од вообичаените. Внимателно ракувајте со
храната заради подобар квалитет на истата:
• користете високо квалитетни сурови
материјали.
• Секогаш користете сурови материјали кои
се свежи.
• Секогаш чувајте ги суровите материјали во
соодветни услови пред да ги зготвите.
• Секогаш чистете ја храната пред да ја
готвите.
• За добри и безбедни резултати, секогаш
проверувајте ги вредносите во табелите за
готвење. Проверувајте го времете на
готвење, температурата и димензиите на
храната.
• Храната не смее да се чува на
температура под 60 °C подолго време за
да избегнете проблеми со нејзината
безбедност.
• Користете ниски температури само за
храна што може да се јаде и сурова и само
за кратко време.
• Јадењата подготвени во запечатени
пластични ќеси имаат најдобар вкус
веднаш после готвењето. Ако не ја јадете
храната веднаш по готвењето, брзо
намалете ја нејзината температура. За да
го направите тоа, ставете ја храната во сад
со мраз и ставете ја во фрижидер. Во
фрижидерот можете да ја чувате храната
2-3 дена.
• Не користете ја функцијата Готвење во
запечатени пластични ќеси за подгревање
на остатоци од храна.
• Спречете контакт меѓу суровата храна и
зготвената храна додека ја подготвувате и
готвите храната.
• Не користете ги истите садови за различни
работи без да ги измиете внимателно.
• За рецепти со живи јајца, спречете белката
од јајцето или жолчката да дојде во контакт
во надворешниот дел од лушпата на
јајцето.
Совети за пакување на храна во вакуум:
• Неопходна опрема за функцијата Готвење
во запечатени пластични ќеси се уредот за
вакумирање и вакуум ќеси.
• Препорачан уред за вакумирање: Комора
за вакумирање (само овој вид на уред за
вакумирање може да спакува течности).
• Користете вакуум ќеси што се соодветни за
функцијата Готвење во запечатени
пластични ќеси .
• Не користете ги повторно вакуум ќесите.
• Стевете ја храната во еден слој во вакуум
ќесите за да добиете рамномерни
резултати при готвењето.
• За побрзо и порамномерно готвење на
храната, поставете на највисок степен на
вакумирање.
• За да постигнете сигурно затворање на
ваккум ќесата, проверете дали е чисто
местото каде што треба да се запечати.
Општи совети за функцијата Готвење во
запечатени пластични ќеси :
• За да ја одржите пареата при готвењето,
секогаш држете ја вратата на апаратот
затворена кога ја користите функцијата
Готвење во запечатени пластични ќеси .
• Внимателно отворете ја вратата после
готвењето затоа што во апаратот е
насобрана пареа.
• Можете да додадете масло и зачини во
храната според ваш вкус. Маслото
спречува храната за да се залепи на
вакуум ќесата.
• За побрзо и порамномерно готвење на
храната, поставете на највисок степен на
вакумирање.
• Времињата на готвење се препораки и
можат да бидат различни во согласност со
вашите желби.
• Времињата на готвење во табелите за
готвење се за јадења за 4 лица. Доколку
количината на храна е поголема,
времињата на готвење можат да бидат
подолги.
• Доколку димензијата на храната е различна
од онаа во табелите за готвење, времето
на готвење може да се промени.
• Ставете ги вакуум ќесите на жица,без да ги
преклопувате кога користите повеќе ќеси.
МАКЕДОНСКИ 15
Comentários a estes Manuais