
Показателот за векот на траење е
направен за користење само со
патроните за филтер
PUREADVANTAGE.
Показателот за векот на траење ве потсетува
кога е време да го смените филтерот
PUREADVANTAGE™. Секоја точка се
однесува на век на траење од околу една
недела. Препорачаниот век на траење на
филтерот PUREADVANTAGE™ од околу
четири недели (30 дена) е еднаков на четири
точки (100%). По секоја недела, еден круг ќе
исчезнува за да го покаже преостанатиот век
на траење на филтерот. Показателот за векот
на траење работи на следниот начин:
1.
Притиснете го копчето STATUS за да го
вклучите екранот.
2.
За да го видите статусот на филтерот
PUREADVANTAGE™ во било кое време,
притиснете го копчето 0,5-2 секунди. На
пример, кога се гледаат четири светла,
филтерот е полн 100% и остануваат
четири недели за негова употреба.
3.
За да го ресетирате времето, притиснете
го копчето 3 секунди или подолго.
4.
Сменете го филтерот
PUREADVANTAGE™ кога сите светла
трепкаат.
5.7 Важни информации
• Дупката за вентилот на вратата на
фрижидерот мора да е затворена со
вентилот за вода за време на редовното
функционирање на апаратот.
• Користете само вода за пиење.
Користењето некој друг вид пијалак може
да остави талог, вкус или мирис во
резервоарот и на славината.
• Можно е да слушнете одредени звуци
предизвикани од воздухот што влегува кога
водата истекува од резервоарот.
• Ако водата не истекува добро, притиснете
ја рачката уште еднаш. Држете ја чашата
под славината уште некое време, за да ја
соберете целата вода во чашата.
• Не користете газирани пијалаци и сокови.
Пијалакот може да истече поради
притисокот на гасот.
• Не заборавајте дека водата е храна.
Испијте ја филтрираната вода за еден до
два дена.
• Ако апаратот за филтрирање вода
PUREADVANTAGE не се користи подолго
време (на пр., кога сте на одмор),
препорачуваме да ја фрлите
преостанатата вода од системот и да го
оставите патронот во резервоарот на
филтерот.
Пред повторно користење на системот,
извадете го патронот и повторете ги
чекорите од 1 до 4 од „Користење на
патронот за филтер PUREADVANTAGE“.
• Апаратот за филтрирање вода
PUREADVANTAGE е конструиран за
користење само со комунална вода од
чешма (напомена: таа вода се контролира
постојано и е безбедна за пиење според
законските прописи) или со вода од
приватни извори која е испитана дека е
безбедна за пиење.
Ако властите издадат упатство дека водата
од чешма мора да се проврива, и
филтрираната вода со PUREADVANTAGE
мора да се проврива. Кога упатството да се
проврива водата ќе престане да важи,
16
www.electrolux.com
Comentários a estes Manuais