
12.2 Уреди од не’рѓосувачки
челик или од алуминиум
Чистете ја вратата на
печката само со мокар
сунгер. Исушете ја со мека
крпа. Не користете
челична жица, киселини
или абразивни материјали,
бидејќи тие можат да ја
оштетат површината.
Чистете ја контролната
табла на печката со истите
мерки на претпазливост.
12.3 Вадење и монтирање на
стаклените плочи од вратата
на печката
Стаклените плочи можете да ги
извадите за да ги исчистите. Бројот на
стаклени плочи е различен кај
различни модели.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Држете ја вратата на
печката малку
подотворена за време на
процесот на чистење. Кога
ќе ја отворите целосно, таа
може случајно да се
затвори и да предизвика
потенцијална штета.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Не користете го уредот без
стаклените плочи.
1. Отворете ја вратата до агол од
околу 30°. Вратата стои сама кога
е малку подотворена.
2. Држете ја облогата на вратата (В)
на горниот раб на вратата од
двете страни и притиснете ја
навнатре за да ја ослободите
спојката за запечатување.
3. Повлечете ја декорацијата на
вратата напред и извадете ја.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Кога ги вадите
стаклените плочи,
вратата на печката се
обидува да се затвори.
4. Држете го горниот раб на
стаклелните плочи од вратата и
повлечете ги нагоре една по една.
5. Исчистете ја стаклената плоча со
сапуница. Внимателно избришете
ја стаклената плоча.
Кога ќе завршите со чистењето,
монтирајте ги стаклените плочи и
вратата на печката. Направете ја
горенаведената постапка по обратен
редослед. Помалата плоча треба да
се монтира прва, а потоа поголемата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Отпечатениот дел на
внатрешната стаклена
плоча мора да биде свртен
кон внатрешната страна на
вратата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Откако ќе ја монтирате,
проверете дали
површината на рамката на
стаклената плоча на
отпечатените места е
груба на допир.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Погрижете се правилно да
ја монтирате внатрешната
стаклена плоча во
лежиштата.
МАКЕДОНСКИ 47
Comentários a estes Manuais