
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Исклучете го апаратот. Пред чистење
или одржување, исклучете го
апаратот од струја.
Пред да го чистите, оставете ги
пламеникот на гас да се излади.
Најдобро е електричната рингла да
се чисти додека е уште топла бидејќи
можете полесно да ги отстраните
истурените течности.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Остри и абразивни средства за
чистење може да го оштетат уредот.
За ваша безбедност, не чистете го
апаратот со парочистачи или со
чистачи под висок притисок.
Гребаниците и темните дамки на
површината не влијаат врз работата
на апаратот.
• За полесно чистење на површината за
готвење можете да ги извадите држачите
за тави.
• За чистење на емајлираните делови,
капакот и круната, измијте ги со топла вода
со сапуница и исушете ги внимателно пред
да ги вратите назад.
• Измијте ги деловите од не’рѓосувачки челик
со вода, а потоа исушете ги со мека крпа.
• Држачите за садови не се перат во машина
за миење садови. Мора да ги измиете
рачно.
• При рачно миење на држачите за садови,
внимавајте кога ги сушите бидејќи
емајлираната облога повремено може да
има остри рабови. Доколку е потребно,
можете да ги отстраните тврдокорните
дамки со помош на крем-детергент.
• Откако ќе ги исчистите држачите за садови,
проверете дали се во точната положба.
• Проверете дали рачките на држачите за
садови со во центарот на пламеникот за да
може пламеникот да работи правилно.
• Бидете многу внимателни при замената на
држачите за садови за да спречите
оштетување на горниот дел на површината
за готвење.
По чистењето, исушете го апаратот со мека
крпа.
Отстранување на нечистотиите:
1.
– Отстранете ги веднаш: стопена
пластика, пластична фолија и храна
што содржи шеќер. Употребете
специјална гребалка за стакло-
керамика. Поставете ја гребалката под
агол врз стакло-керамичката површина
и отстранете ги остатоците лизгајќи со
сечивото по површината.
– Исклучете го апаратот и оставете го
да се излади пред чистењето на:
прстени од бигор, водени прстени,
дамки од маснотии, светкави метални
промени на бојата. Користете
специјално средство за чистење
наменето за површини за готвење.
2.
Исчистете го апаратот со влажна крпа и
малку детергент.
3.
На крајот исушете го апаратот со чиста
крпа.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Не користете ножеви, стругалки или
слични инструменти за да ја
исчистите површината на стаклото
или помеѓу рабовите на пламениците
и на рамката (ако ги има).
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Не ги лизгајте садовите за готвење
над стаклото затоа што може да ја
изгребе површината. Исто така,
пазете тешки или остри предмети да
не паднат на стаклото или да удрат
на работ од плочата.
6.1 Чистење на свеќичката
Оваа функција се добива со ќерамичка
свеќичка за палење со метална електрода.
Секогаш држете ги овие компоненти многу
чисти за да избегнете отежнато палење и
редовно проверувајте да не се затнати
дупките од круната на пламеникот.
6.2 Периодично одржување
Побарајте од вашиот локален сервисен
центар периодично да ја провери состојбата
на цевката за гас и на регулаторот на
притисокот, ако го има.
26
www.electrolux.com
Comentários a estes Manuais